Renault Trucks С. МакедонијаПронајдете продажен центар
RENAULT TRUCKS T OPTIFUEL
Renault Trucks T Optifuel е возило создадено да троши помалку гориво веќе од првиот километар.
Во понуда се пет верзии – со мотор DTI 11 од 430 и 460 KS и мотор DTI 13 од 440, 480 и 520 KS. Од сега моторот DTI 13 има систем за вбризгување на гориво од заеднички вод. Потрошувачката на гориво е значително помала поради подоброто согорување.
Le TÜV Rheinland, независна организација за сертификација, потврдува дека Renault Trucks T Optifuel возилото троши околу 10,9% помалку отколку класичните возила од тој вид*
Аеродинамична опрема
Renault Trucks T Optifuel ја има целата аероднимачина опрема што ја намалувa отпорноста на воздухот:
- прилагодлив спојлер на покривот,
- странични спојлери,
- спојлери интегрирани со фаровите,
- продолжени врати,
- странични облоги,
- продолжетоци на страничните облоги,
- аеродинамични продоложетоци на браникот и
- предни браници со завеси против прскање прилагодени на типот на шасијата и големината на тркалото.
Возилото има гуми Michelin X® Line™ ENERGY™ со мала отпорност на тркалање.
интелигентни технологии
Renault Trucks T Optifuel исто така има и голем број на интелигентни технолошки решенија, како што се:
- мењач Optidriver со заклучување на режимот за напојување,
- регулатор на брзини Eco Cruise Control со функциите Soft Cruise Control и Optiroll,
- воздушен компресор со спојка,
- пумпа со променлива контрола на проток и
- и функција на автоматско исклучување на моторот.
Optivision ja комбинира топографијата на патиштата и зачуваните рути со помош на сензор за да ја искористи најефикасната и најсиплатлива стратегија за промена на брзината.
помала тежина
Renault Trucks T Optifuel има голем број на алуминиумски компоненти кои што ја намалуваат неговата тежина за неколку стотици килограми, како што се:
- aалуминиумски резервоар за воздух,
- алуминиумски резервоар за гориво,
- алуминиумски тркала Alcoa,
- алуминиумски држачи на црево за приколка,
- алуминиумско влечно седло*,
- лесна шасија,
- лесна задна воздушна суспензија и
- лесна погонска осовина
УСЛУГИ НА OPTIFUEL ПРОГРАМАТА
Представуваат глобално решение за намалување на трошоците на гориво:
- Optifuel обука за подготовка на возачите за рационално возење
- Optifuel Infomax за анализа на потрошувачката на гориво и стилот на возење.
Optifleet е систем за управување со возниот парк кој што им овозможува на возилата да разменуваат информации со базата на податоци во реално време со цел:
- утврдување на географската локација на возилото,
- следење на потрошувачката на гориво на воизлото,
- следење и управување со работното време на возачите и
- комуникација со возачите.
*Направена е споредба помеѓу два Renault Trucks T влечно возило 4x2: возило Renault Trucks T Optifuel и возило Renault Trucks T Standard. Сите овие возила имаат мотор Euro 6 DTI 11 од 430 KS, како и иста диференцијална брзина (2,64). Две возила се натоварени со товар од 32 тони. Тестирањето е направено на траса долга 200 km, што представува модел за предовз на долги растојанија. Двајца возачи завршија Optifuel курс, односно обука за економично возење.